Дома Фудбал Италија Проблемите на Рамзи од Арсенал продолжија и во Јувентус

Проблемите на Рамзи од Арсенал продолжија и во Јувентус

Арон Рамзи изминатото лето како слободен играч премина од Арсенал во Јувентус.

Рамзи од поодамна е познат како склон кон повреди. Во Арсенал често пати беше надвор од терените, а тој „тренд“ го продолжи и во Италија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Велшанецот во досегашниот дел од сезоната паузираше два пати поради повреда и пропушти вкупно пет натпревари, сега го очекува и трета пауза.

Имено, искусниот фудбалер на денешниот тренигн го повреди мускулот на левата нога и поради тоа ќе го пропушти саботниот натпревар против Лацио.

Засега не е познато колку Рамзи ќе паузира, но тешко дека ќе биде спремен за натпреварот против Баер во Лигата на шампионите. Јувентус во најелитното европско натпреварување го обезбеди првото место во групата, па Сари сигурно не би ризикувал и доколку се опорави.

За Јувентус Рамзи одигра 11 натпревари и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Леао се посрамоти во дебаклот на Милан – место даде гол, тој спречи! (Видео)

Рафаел Леао некогаш беше сметан за еден од најдобрите крилни играчи, а за тоа зошто сега н…