Сопругата на настрадата ѕвезда Коби Брајант се наоѓа во тешка состојба после загубата на нејзниот сопруг и 13 годишната ќерка.
Коби и неговата ќерка Џана, како и уште седум лица го загубија животот на 26. јануари. Од тој момент сопругата на Брајант, Венеса не дала никаква изјава за медиумите и не се појавила во јавноста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во изјава за „Пипл“ магазинот пријател на семејството открива во каква состојба била Венеса. Разбирливо таа минува низ најтешките мигови од нејзиниот живот и прашање дали после една ваква трагедија ќе биде истата.
„Иако имаа успони и падови беа сродни души. Го гледаше Коби како доживотен партнер. Венеса е целосно скршена. Не може да доврши една реченица без да заплаче. Сепак, се труди да биде покрај девојчињата и знае дека мора да биде силна. Опкружена е со луѓето кои сакаат. Има огромна поддршка и тоа и е олеснување. Не е сама, но оваа трагедија сигурно ќе остави трага на неа“, изјавил неименвуан пријател.
Зад Коби покрај сопругата останаа уште три ќерки. Најстарата Наталија која има 17 години, Бјанка има три години, а малата Капри само седум месеци.