Дома Фудбал „Прифатив 50% намалување на платата, се друго е лага“

„Прифатив 50% намалување на платата, се друго е лага“

Лионел Меси денес ја одржа прес-конференцијата со која се простуваше од Барселона, а таа беше една од најтажните во историјата на Барселона.

На прес-конференцијата Меси откри и дека прифатил 50% намалување на платата. Барселона прво го прифатила тоа, но на крајот се покажало дека не било доволно.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Јас прифатив да има 50% помала плата и тоа беше прифатено, се друго е лага. Едноставно и тоа не можеше да се реализира“.

Како Барселона ќе продолжи без него?

„Барса е голем клуб. Ќе дојдат нови играчи. Фудбалерите доаѓаат и си заминуваат, клубот останува. Како што кажа Лапорта, клубот е над сите. Ќе се навикнат луѓето, ќе биде тажно, но со времето доаѓа се. Тука и понатаму има големи играчи“, зборуваше Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…