Дома Трансфер зона Пристигна со епитетот „еден од најдобрите млади Шпанци“ – сега е вишок, но нема потреба да се грижи

Пристигна со епитетот „еден од најдобрите млади Шпанци“ – сега е вишок, но нема потреба да се грижи

cebalos real madrid

Фудбалерот кој во Реал Мадрид е вишок би можел кариерата да ја продолжи во некој од најсилните тимови во најсилните пет лиги.

Дани Себалос во Реал Мадрид пристигна минатото лето како влог за иднината, платен беше 15 милиони евра на Реал Бетис и изгледаше дека „кралевите“ завршиле уште една одлична работа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Себалос на „Бернабеу“ пристигна со епитетот „еден од најдобрите млади фудбалери во Шпанија“, тоа го потврди и со признанието кое го доби на Европското првенство за млади фудбалери во Полска.

Сепак, Себалос не доби премногу прилика за игра оваа сезона и покрај тоа што Реал Мадрид одреден период играше во навистина лоша форма. Очигледно Зидан не веруваше дека малдиот Шпанец може да му помогне.

Она што е посебно интересно е што Себалос постигна два погодоци на еден од ретките натпревари кои ги стартуваше во дресот на клубот од Мадрид, но ни со тоа не го „купи“ Зизу.

Поради ваквата ситуација се повеќе реално станува негово заминување на лето, а за негова среќа воопшто нема потреба да се грижи за иднината на својата кариера. За неговите услуги интерес покажуваат Ливерпул и Јувентус, а сега во „трката“ според италијанските медиуми се вклучува и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…