Гонзало Игуаин ова лето пристигна во Милан како големо засилување, но во последно време не успева да ги оправда очекувањата.
Италијанските медиуми вчера пренесоа дека Милан и Челзи започнале преговори за трампа според која Игуаин би се преселил на „Стенфорд Бриџ“, а „росонерите“ за возврат ќе го добијат потписот на Алваро Мората.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, тренерот Џенаро Гатузо веднаш ги демантираше таквите информации и истакна дека сака да го задржи Игуаин по секоја цена.
„Го чуваме цврсто Игуаин. Моментално не поминува низ добар период, но ние ќе направиме се за што побрзо да се врати во форма. Воопшто немам сомнеж кога е Игуаин во прашање, за мене тој е најдобриот напаѓач на светот“, истакна Гатузо.
„Игуаин не постигнува голови бидејќи целиот тим не игра добро. Гласините за негово наводно заминување се измислица“, додаде Гатузо.
Главна вест на Апенините денес е дека Милан постигнал договор со Лацио за трансфер на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Готово: Милинковиќ – Савиќ се сели во Милано за 70 милиони! https://t.co/eHdT4galPH
— Sportski.mk (@Sportski_mk) December 21, 2018