Капитенот на Арсенал, Мартин Oдегард конечно се опорави од повредата и се врати со остатокот од тимот.
Норвежанецот денеска на ден пред дуелот со Интер во Лигата на шампионите одработи комплетен тренинг со тимот и речиси сигурно е дека ќе биде на клупата за резервни играчи.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Одегард е надвор од терените цели два месеци, а оваа сезона одигра само три натпревари за Арсенал, па повеќе од јасно е колку му недостигаше на Микел Артета.Едноставно, Арсенал не е истиот тим без него и затоа е вистинскиот момент за враќање на капитенот.
Арсенал во ЛШ гостува кај кај Интер, а потоа и кај Челзи, по што следи репрезентативна пауза.
Се очекува Норвежанецот да добие шанса од клупата на овие два натпревари, а потоа повторно да биде редовен стартер по ноемвриската пауза.
🇳🇴✔️ Martin Ødegaard is back in training as Arsenal prepare for their Champions League clash against Inter Milan…
— CentreGoals. (@centregoals) November 5, 2024
pic.twitter.com/NIZA6w929w