Дома Фудбал Oдегард го изгуби трпението: Побарал Реал да оди во друг клуб

Oдегард го изгуби трпението: Побарал Реал да оди во друг клуб

Taлентираниот фудбалер Мартин Одегард побарал да си замине од Реал Мадрид на позајмица до крајот на сезоната во некој друг клуб.

Репрезентативецот на Норвешка минатото лето се врати на „Сантијаго Бернабеу“ после добрите настапи за Реал Сосиедад и Витесе. Му се предвидуваше дека може да игра значајна улога оваа сезона во кралскиот клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, Зидан во последно време се потпира на поискусните играчи и момчето кој како тинејџер дојде во Мадрид мораше да се задоволи само со 11 натпревари.

Како што потврди „Марка“, Одегард испратил официјално барање за одење на позајмица и при тоа побарал објаснување зошто Зидан го изоставил од списокот играчи кој утре ќе играат во кралскиот куп.

Договорот на Одегард му истекува на лето 2023 година и извесно дека до целосен трансфер нема да дојде, но позајмица би можела да биде прифатлива опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…