Како што пишуваат англиските медиуми, Алексис Санчез одбил богата понуда.
Имено, играчот на Арсенал, одбил понуда од Кина која изнесувала 24 милиони евроа по сезона. Тој не ни ја погледнал, бидејќи сака да се пресели во Манчестер Сити под водство на Пеп Гвардиола, тврди „Daily Mail“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Чилеанецот на крајот на сезоната му истекува договорот со Арсенал, а Сити за него во јануари подготви да плати 23 милиони евра. Арсен Венгер веќе полека попушта кога станува збор за трансферот на Чилеанецот.
Управата на Арсенал го убедува Венгер да го продаде Санчез во јануари и за него да заработи барем малку пари, толку колку што се нуди. Во спортивно, Санчез на лето би требало како слободен играч да го напушти „Емирати“.