Покрај Светското првенство во Катар една од главните теми деновиве во фудбалскиот свет е ситуацијата во Јувентус.
Комплетната управа на Јувентус на чело со Андреа Ањели си поднесе оставка и во тек е процес во кој ќе се именуваат нови луѓе на раководните функции. Но, исто така против Јувентус се води истрага за лажирање на финансиски извештаи од 2018, 2019 и 2020 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во италијанските медиуми се пишуваше дури и за исфрлање на Јувентус во втора лига, а за случајот се огласи првиот човек на италијанската федерација Габриеле Гравина.
„Случајот на Јувентус? Не сакам да има линч предвреме, целата ситуација може негативно да влијае и на другите клубови. Да не го обвинуваме Јувентус предвреме, да почекаме да заврши судењето, па тогаш ќе го кажеме нашиот став“, изјави Гравина. екаме исходот од судењето пред да ја донесеме нашата пресуда