Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви истакна дека клубот ќе ги задржи сите фудбалери кои се важни за тимот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На прашањето дали првата ѕвезда Хари Кејн ќе остане во Тотенхем и следната сезона, Леви одговори:
„Убеден сум 100% дека секој фудбал кој што е важен и кој што сакаме да го задржиме, ќе игра за Тотенхем и следната сезона“, категоричен беше претседателот на „спарси“.
Медиумите на Островот оваа изјава ја толкуваат како затварање на вратата на Реал Мадрид кој покажува силен интерес за Хари Кејн.
Леви го коментираше и актуелниот трансфер прозорец и индиректно потврди дека Тотенхем нема да купува нови фудбалери.
„Стратегијата на Покетино е да бидеме внимателни на трансфер пазарот. Меѓутоа во јануари трансфер пазарот е многу тежок“, истакна Леви.
Harry Kane Hitting The Crossbar From His Own Penalty Area pic.twitter.com/mca9G0x7hs
— ⚽Champions League (@CHAMPl0NSLEAGUE) January 11, 2018