Дома Трансфер зона Претседателот на Атлетико: Не знам каде ќе оди Гризман, Барса не нема контактирано!

Претседателот на Атлетико: Не знам каде ќе оди Гризман, Барса не нема контактирано!

Идинината на Атоан Гризман е се уште под знак прашалник, откако Французинот јавно соопшти дека ќе го напушти Атлетико Мадрид.

Иако Барселона важеше за фаворит за неговиот потпис, а некои медиумите тврдеа дека постои договор, сепак се уште не е јасно каде Гризман ќе ја продолжи кариерата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Денес, претседателот на „јорганџиите“ Енрике Серезо, пред медиумите изјави дека никој не знае каде ќе замине Гризман.

„Не знам каде ќе оди, не ми кажа. Воопшто немам поим каде би можел да игра следната сезона. Никој од Барселона не ме контактирал“, изјави првиот човек на Атлетико Мадрид.

„Гризман беше со нас пет години и тој одлично ја заврши работата, имаме добар однос, коректен и со доверба. Се надевам дека каде и да оди, тој ќе биде третиран како кај нас”, додаде Серезо.

Освен Барселона, Гризман се поврзува и со Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал ја сака младата ѕвезда на Баерн Минхен

Реал Мадрид е блиску до комплетирање на трасферите на Килијан Мбапе, а сега Флорентино Пер…