Англиските медиуми се сигурни дека Џејдон Санчо на крајот на сезоната ќе ја напушти Борусија Дортмунд.
Санчо во германскиот клуб пристигна во 2017 година од Манчестер Сити и блесна во дресот на „милионерите“. Овој 19-годишен офанзивен фудбалер воодушеви со своите настапи и се најде на мета на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа сезона Англичанецот одигра 29 меча за Дортмунд на кои постигна 15 гола и запиша 17 асистенции. Тој има договор со „милионерите“ до јуни 2022 година, но се шпекулира дека ова лето сигурно ќе ја промени средината.
Иако долго време се шпекулираше дека Манчестер Јунајтед важи за фаворит за неговиот потпис, сепак последните информации од Островот се дека Санчо ги избрал Челзи.
Санчо е свесен дека во Челзи ќе има статус на прва ѕвезда и му се допаѓаат методите на Лампард, кој работи одлично со млади фудбалери.
Се очекува Дортмунд од неговата продажба да инкасира околу 100 милиони евра, сума која Челзи е спремен да ја плати.