Дома Трансфер зона Пресврт: Партичи преговара за ново одлично бесплатно засилување за Јувентус!

Пресврт: Партичи преговара за ново одлично бесплатно засилување за Јувентус!

Eдна од причините поради кои Јувентус веќе со години доминира во Италија е одличната трансфер политика, но и добрите односи со фудбалските менаџери поради што многу играчи го избираат клубот од Торино за наредна дестинација.

„Старата дама“ веќе со години бесплатно доведува одлични фудбалери. Последен во низата такви трансфер е Арон Рамзи кој беше официјализиран пред неколку месеци, а во клубот ќе пристигне по завршувањето на актуелната сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега италијанските и шпанските медиуми најавуваат дека уште еден фудбалер кој е баран на трансфер пазарот и кој останува без договор може да тргне по неговите стапки.

Станува збор за фудбалерот на Пари Сен Жермен, Адирен Рабиот. Неодамна беше објавено дека овој фудбалер постигнал договор со Реал Мадрид, но наводно сега се случил пресврт и Јувентус сега е прв фаворит за негов ангажман.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи и мајката на Рабио која е и негов менаџер воспоставиле контакт и се пишува дека преговорите се интезивни.

Инаку овој 24 годишен фудбалер веќе некое време не игра за Пари Сен Жермен, односно од моментот кога соопшти дека нема да го продолжи договорот со клубот од Париз. Последниот настап Рабио го имаше на 5-ти декември во натпреварот против Стразбур.

Во претходните години во Торино бесплатно пристигнуваа: Андреа Пирло, Пол Погба, Фернандо Љоренте, Сами Кедира, Емре Чан…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…