Иако се најавуваше крах на второлигашот Гостивар сепак дошло до пресврт и спонзорот ќе остане.
Денес е објавено дека ново име во редовите на Гостивар е Антонио Каланоски кој пред неколку дена го раскина договорот со Шкупи.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Каланоски играше одлично минатата сезона во втората лига во дресот на Силекс, па така беше забележан од актуелниот шампион кој го ангажираше. Сепак, по краток период од неколку месецот тој си замина. Засега не е јасно зошто.




Гостивар сега со останувањето на спонзорот и новото засилување сигурно дека повторно е еден од главните фаворити за место во ПМФЛ. После три кола овој тим има две победи и реми.