Клубовите од топ 6 од Премиер лигата беа казнети со повеќе од 20 милиони фунти поради учеството во Суперлигата.
Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи, Арсенал и Тотенхем се казнети со по 3,5 милиони фунти, а секој понатамошен сличен прекршок ќе донесе посериозни казни.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Ако некој клуб направи нов обид за приклучување во слично натпреварување ќе биде казнет со 25 милиони, а ќе му бидат одземени и 30 бода.
„Дејли Мејл“ пренесува дека некои клубови од Премиер лигата барале уште сега овие клубови да бидат казнети со бодови.