Дома Фудбал Англија Пред две години играше фудбал на улица, а сега е пред потпис со тим од ПЛ

Пред две години играше фудбал на улица, а сега е пред потпис со тим од ПЛ

Кристал Палас е блиску до реализација на интересен трансфер.

Сегалскиот напаѓач Абдулах Сима има одлична сезона во Славија Прага и веќе цената му стигна до 11 милиони евра според трансфермаркт.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Споменатиот фудбалер има интересна фудбалска приказна.

На почетокот на 2020. пристигна во аматерскиот нисколигаш Тонон, а претходно фудбал играше на улица. Во тој француски нисколигаш веднаш го забележале и му била дадена шанса во аматерскиот фудбал. Тогаш воопшто не сонувал дека за две години ќе биде пред потпис за клуб од Премиер лигата.

И ова не е крај на фудбалската приказна. Во март 2021. година дебитираше за репрезентацијата на Сенегал и веќе запиша два настапи.

За Славија оваа сезона во сите натпреварувања настапи на 37 натпревари, постигна 19 погодоци и запиша осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…