Дома Топ вести Преговорите започнаа, се решава иднината на Меси

Преговорите започнаа, се решава иднината на Меси

Иднината на Лионел Меси, која е неизвесна во последната година, може да се реши во наредните денови, пренесуваат каталонските медиуми.

„ТВ3“ пренесува дека започнале неформални преговори помеѓу Аргентинецот, неговиот татко, претседателот Жоан Лапорта и суперагентот Жорге Мендеш.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Договорот на Меси со Барселона истекува на крајот на сезоната, а минатото лето Лео направи обид да го напушти клубот. Меѓутоа, после промената на претседателот и доаѓањето на Лапорта се појави надеж дека Меси може да остане на „Камп Ноу“.

Во Шпанија се убедени дека приоритет на Меси е силен спортски проект и дека парите нема да играат главна улога. Наводно Аргентинецот е спремен да ја намали платата за 50% во следните две години и на тој начин да му остави ресурси на клубот за засилување на тимот.

Медиумите тврдат дека Меси има конкретна понуда и од ПСЖ, но негов приоритет е да остане во Барселона уште две години. Сепак, Каталонците треба да му гарантираат дека ќе го засилат тимот за да може да се бори за трофејот во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Деко проговори за иднината на Френки де Јонг

Спортскиот директор на Барселона Деко откри дека каталонците би сакале да го продолжат дог…