Дефанзивецот и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос се уште не го обновил договорот со „кралскиот“ клуб, а преговорите се во застој.
Имено, Реал му нуди договор на само една сезона, а Рамос во неколку наврати го отфрли тој предлог на „кралевите“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Постои правило во Реал Мадрид, на играчи на возраст над 32 години, да им се нудат само договори за една сезона и клубот нема намера да направи преседан со Рамос, колку и да е вреден тој за клубот.
Рамос има договор до 2021 година и годишно заработува 12 милиони евра, па следното лето ќе биде слободен агент. Искусниот стопер наполни 34 години и не сака да ја намали својата плата, притоа бара договор на 3 години, а тоа во моментов е неприфатливо за раководството на Реал.
ПСЖ внимателно ја следи ситуацијата и е спремен да му понуди на Рамос богат 4-годишен договор.