Дома Трансфер зона Првото летно засилување за Зидан пристигнува на прегледи во Мадрид

Првото летно засилување за Зидан пристигнува на прегледи во Мадрид

Како што беше најавено, Реал Мадрид ова лето ќе биде активен на трансфер пазарот и денес веќе пристигна првото засилување на прегледи во Мадрид.

Додека се чека официјализација на трансферот на Еден Азар, „кралевите“ договорија друг трансфер, а станува збор за левиот бек на Лион, Ферланд Менди.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Менди беше голема желба на тренерот Зидан, па двата клуба неколку недели беа во интензивни преговори за трансферот.

На крајот Реал се согласи да плати 55 милиони евра за неговиот потпис и успеа да ја победи конкуренцијата.

Младиот 23-годишен лев бек ќе биде алтернатива за Марсело, а со своите настапи досега покажа дека може да се натпреварува на највисоко ниво.

Менди се очекува да биде претставен по натпреварите против Турција и Андора на осми, односно 11 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…