Дома Топ вести Првото засилување на Њукасл доаѓа од Примера – цена „само“ 100 милиони!

Првото засилување на Њукасл доаѓа од Примера – цена „само“ 100 милиони!

Во екот на пандемијата со коронавирус и кога фудбалерот е целосно стопиран, веста која го разбранува фудбалскиот свет е секако купувањето на Њукасл од страна на Саудискиот принц.

Њукасл со промена на газдата ќе стане најбогатиот клуб во Премиерлигата, па се најавува голема реконструкција на тимот.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Англиските медиуми тврдат дека едно од првите засилувања за „чавките“ може да биде францускиот репрезентативец Набил Фекир.

Откупната клаузула за 26-годишниот фудбалер изнесува 100 милиони евра, па Бетис сигурно нема лесно да се согласи на негова продажба, односно ќе се обиде да заработи што е можно повеќе пари од неговиот трансфер.

Фекир не е единствен фудбалер на листата со желби на Њукасл, па многу големи ѕвезди се поврзуваат со клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Тен Хаг

Матијас Де Лихт не е задоволен во Баерн Михен и таквата ситуација сака да ја искористи Ман…