Мечот помеѓу Јувентус и Наполи вечерва не се одигра.
Гостите не допатуваа во Торино, додека Јувентус излезе на терен, а судијата како што налагаат правилата после 15 минути ги испрати играчите на „старата дама“ во соблекувалната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус ќе бара натпреварот да го добие со службени 3:0, а се огласи и претседателот на клубот Андреа Ањели.
„Протоколот во вакви ситуации е јасен. Ситуацијата беше предвидлива и во овој случај се е јасно. Секако дека здравјето е важно, но затоа направивме протокол за да играме фудбал. Правилата се јасно напишани“, изјави Ањели.
Ањели ги потврди и пишувањата кои беа пред натпреварот, Де Лаурентис го барал за одложување на натпреварот, но првиот човек на Јувентус имал јасен став.