Левиот бек на Челзи, Јан Матсен нема да остане на „Стемфорд Бриџ“ по враќањето од Борусија Дортмунд, бидејќи негова следна станица е Бирмингем.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Астон Вила и Челзи постигнале договор за негов трансфер вреден околу 40 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Матсен не е во плановите на Челзи, бидејќи Енцо Мареска на таа позиција ги има Марко Кукуреља и Бен Чилвел.
Челзи на тој начин ќе заработи солидна сума за играч на кој не смета, додека Емери доби уште еден одличен бек во ротацијата.
Пазарот во Англија полека се вжештува, а пред овој трансфер најактивен беше Кристал Палас, кој го донесе слободниот Камада, како и Чади Ријад од Бетис.