Поранешниот менаџер на Арсенал и актуелен шеф на глобалниот фудбалски развој на ФИФА, Арсен Венгер продолжува да инсистира на промени во фудбалот.
Како главен проблем на ВАР го потенцира офсајдот и смета дека ситуацијата мора да се подобри. Неговиот предлог за подобрување на фудбалот веќе подолго време е на тест, а тестовите ќе продолжат пред да се донесе одлука за евентуална промена на правилото.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Луѓето најмногу го критикуваат ВАР поради правилото за офсајд. Имавме досудени офсајд ситуации поради дел од сантиметар или буквално поради носот. Мораме брзо да ја промениме ситуацијата.
Има простор за промена на правилата. Не може да ги земаме предвид дека дел од носот на играчот е во недозволена положба, така што тој е во офсајд затоа што може да постигне гол со носот“, рече Венгер.
Пред да биде прифатен предлогот на Венгер, ако воопшто биде прифатен, идејата треба да се види на дело. Токму тоа се прави преку тестови на турнирите за помлади играчи во Шведска и Италија, а одобрено е и продолжувањето на овие тестови.
Сепак, има уште долг пат до презентирање на оваа идеја од ИФАБ, фудбалското тело задолжено за усвојување и признавање на правилата. Најраниот можен следен датум за ова е во февруари следната година, кога би можело повторно да се разговара на состанокот на ИФАБ.