Дома Топ вести Потписот не значи ништо: Ако Реал понуди 220 милиони, Салах може да си оди

Потписот не значи ништо: Ако Реал понуди 220 милиони, Салах може да си оди

Најголемата ѕвезда на Ливерпул, Могамед Салах пред неколку дена стави потпис на нов договор и се обврза на верност кон „црвените“ до 2023 година.

Меѓутоа, со продолжувањето на договорот не завршија шпекулациите за неговата иднина, бидејќи англиските медиуми тврдат дека Салах може да замине за одредена сума на пари.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Тоа што Салах потпиша нов договор не мора да значи дека Ливерпул не е повеќе клуб што продава. Ако Реал Мадрид понуди, на пример, 220 милиони евра, Салах би можел да замине, а Ливерпул пак ќе стане клуб од кој заминуваат играчите“, истакна Џон Барнс, некогашниот напаѓач на англискиот гигант.

„Погледнете, Роналдо би можел да го напушти Реал, Левандовски може да си замине од Баерн, а Нејмар од ПСЖ. Тоа покажува дека дури и најголемите клубови на светот всушност можат да ги продадат најдобрите“, додава Барнс.

Дали „кралевите“ ова лето ќе се обидат да стигнат до потписот на Салах, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул тргнува по Де Јонг

Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг и на лето …