Новиот менаџер на Челзи, Грем Потер ја даде првата пресконференција пред утрешниот меч со Салцбург во Лигата на шампиони.
Челзи стартуваше со шокантен пораз во ЛШ од Динамо Загреб, што го чинеше отказ Томас Тухел.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Фудбалскиот клуб, историјата, тардицијата, играњето во ЛШ, тоа се различни предизвици од тие кои ги имав до сега. Во Брајтон поминав фантастични три години и многу сум му благодарен на Челзи за довербата. Многу добро ме примија во клубот, се чуствувам како да сум тука 9 месеци, а не 9 дена“, изјави Потер.
„Можам да ветам дека ќе го дадам најдоброто од себе си и ќе преземам одговорност. Сакам да видам балансиран тим, особено во одбраната, уште на утрешниот меч. Сакам мојот тим да трча и да се бори до последната минута“, додаде тренерот на „сините“.