Дома Трансфер зона Потврдено: Барселона го следи босанското „чудо од дете“ од Ријека!

Потврдено: Барселона го следи босанското „чудо од дете“ од Ријека!

Екипата на Барселона наводно е заинтересирана за младиот дефанзивец на Ријека.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за Јасмин Челинковиќ (18), јуниорскиот капитен на репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Челинковиќ го привлече вниманието со одличните настапи во дресот на младата репрезентација на Бих со која успеа да се пласира на Европското првенство.

„Вистина е тренерите на Барселона кои работат во „Б“ тимот со суперлативи зборуваа за Челниковиќ. Сепак тоа не значи дека тој ќе заврши во Шпанија, повеќе клубови покажаа интерес за неговите услуги“, изјави менаџерот на Челинковиќ.

Јасмин оваа година потпиша професионален договор со актуелниот шампион на Хрватска, а после потпишувањето на договорот изјави.

„На мене е секој ден максимално да тренирам и да се наметнам кај тренерот. Се надевам дека наскоро ќе дојде моето време“, изјави Челинковиќ при потпишувањето на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…