Епизодата на Диего Годин во дресот на Интер траеше само една година, но и понатаму тој ќе игра во Серија А.
Она за што се шпекулираше во претходните денови наскоро ќе добие и официјална потврда. Уругваецот ќе стане нов играч на Каљари.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Деталите од договорот се договорени вчера, а Годин денес ќе пристигне на Сардинија да ги заврши лекарските прегледи и да потпише договор.
„Скоро се е завршено, чекаме официјална потврда, сигурно ќе ни биде од голема помош“, изјави тренерот на Каљари псоле првиот натпревар во сезоната.
Каљари сезоната ја започна со реми на гости кај Сасуоло (1:1).