Дома Трансфер зона Постигнат договор: Хрватот од Јувентус заминува на позајмица

Постигнат договор: Хрватот од Јувентус заминува на позајмица

Хрватот од редовите на Јувентус кој неодамна се врати од повреда наскоро ќе го напушти Торино, но само привремено.

22 годишниот фудбалер Марко Пјаца до крајот на сезоната ќе го носи дресот на германскиот бундеслигаш Шалке, пренесуваат италијанските медиуми.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Како можни дестинации на Хрватот се споменуваа уште Монако, Зенит и Андерлехт, но во трката на крајот победи германскиот клуб.

Цената на позајмицата изнесува еден милион евра, плус 500.000 преку бонуси. Германците во договорот се обидуваа да вметнат и откупна клазула за Хрватот, но „старата дама“ таквото барање го одби, што е јасен знак дека во Торино во иднина сметаат на Пјаца.

Информацијата за позајмицата на Пјаца беше потврдена и од тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри.

„Имаме добар тим. Пјаца ќе биде испратен на позајмица бидејќи му е потребен континуитет. Сакаме да игра и да се врати на лето спремен за новата сезона“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…