Дома Фудбал Постигнат договор, Начо става потпис

Постигнат договор, Начо става потпис

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандес постигал договор со раководството за продолжување на соработката, потврди новинарот Томас Гонсалес.

Раководството на „кралскиот“ клуб е задоволен од дефанзивецот кој игра важна улога како на теренот, така и надвор од него.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Начо целата кариера е во Реал Мадрид, а за првиот тим е од 2010 година и за тој период освои многу трофеи, меѓу кои и 5 титули во Лигата на шампиони.

33-годишниот дефанзивец неодамна се врати во националниот тим и играше во квалификациите, а оваа сезона има одлични настапи и за Реал Мадрид.

Шпанскиот гигант му понудил едногодишен договор со опција за уште една година, а Начо наскоро ќе стави потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Извлечени паровите за осминафиналето во Купот на Македонија: Вардар најдобро помина!

Во „Куќа на фудбалот“ денесска со извлекување беа одредени паровите за 1/8 финалето од Куп…