Заврши семејната драма на ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз и тоа со среќен крај.
Медиумите во Колумбија објавија дека, полицијата успеала да го спаси неговиот татко, откако претходно беше киднапиран заедно со маката на фудбалерот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Луис Мануел Дијас, е спасен од киднаперите откако колумбиската полиција во престрелка ги убила луѓето кои неколку часа претходно ги киднапирале родителите на фудбалерот во близина на неговиот роден град Баранкас.
Дел од колумбиските медиуми објавија и снимки од киднапирањето на кои се гледаат вооружени напаѓачи на мотоцикли и возилото во кое наводно се наоѓаат родителите на Дијаз.
Se conocen las primeras imágenes del vehículo en el que se movilizaban los papás de Luis Díaz y los presuntos secuestradores en moto. https://t.co/if1kX8q65f pic.twitter.com/sl6mlfV0Qa
— Revista Semana (@RevistaSemana) October 29, 2023