Дома Топ вести Португалците дознаваат: Реал Мадрид плаќа 100 милиони евра за Јан Облак!?

Португалците дознаваат: Реал Мадрид плаќа 100 милиони евра за Јан Облак!?

Каков удар би било само ова за градскиот ривал!

Вистинска „бомба“ ни пристигнува од Мадрид: Реал Мадрид ќе ја активира откупна клазула за голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Со огромна брзина оваа информација се рашири низ фудбалскиот светот откако во јавноста ја лансираше „Ас“ кој се повикува на португалски извори. Реал Мадрид според нивните извори е спремен да плати сума од 100 милини евра (клазулата) за Облак да пристигне на „Бернабеу“.

Во Шпанија откупните клазули во договорите на фудбалерите скоро и да се обврска. Нешто слично „кралевите“ направија со Тео Ернандез, токму од Атлетико и Дани Себалос од Бетис.

Португалците имаат информации блиски до играчот со оглед на тоа што Облак го носеше дресот на Бенфика, а се истакнува и дека Ливерпул се откажал од намерата да го доведе Облак поради превисоката цена.

Од истиот извор се наведува и дека Атлетико Мадрид се обидува да го продолжи договорот со Облак и двојно да ја зголеми клазулата, но овој момент според нив по реална опција е тој да го напушти Атлетико.

oblak

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…