Дома Фудбал Останато Поранешниот тренер на Ливерпул открива: Ова е клубот кој за малку ќе и го „украдеше“ Суарез на Барса

Поранешниот тренер на Ливерпул открива: Ова е клубот кој за малку ќе и го „украдеше“ Суарез на Барса

Луис Суарез на „Енфилд“ пристигна во јануари 2011. година од Ајакс за 26.5 милиони евра, но само година и пол подоцна беше на излезните врати од клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Во Ливерпул секогаш имаш чувство дека можеш да ги задржиш најдобрите играчи, бидејќи тоа е иконски клуб, светска институција. Кога пристигнав јас, Суарез требаше да си оди во Јувентус. Моравме да го убедиме да остане, дека ќе изградиме тим околу него“, откри Роџерс.

„Сезона подоцна се поврзуваше и со Арсенал, но потоа не можевме да направиме ништо кога пристигна понуда од Барса. Ливерпул може да даде добра плата, но ако играчот сака да си оди, најдобро е да го пуштите. Тоа е разочарувачко“, додаде Роџерс.

Брендан Роџерс на кормилото на клубот од „Енфилд“ беше во периодот од 2012. до 2015. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Иран ја тужи ФИФА и бара отштета од дури 850 милиони евра

Светското првенство уште трае, а ФИФА веќе се соочува со огромен скандал. Американско-иран…