Поранешниот фудбалер на Арсенал кој некогаш многу ветуваше, но од неговиот талент не исполни многу Емануел Фримпонг сака да се проба во друга сфера.
Фримпонг фудбалската кариера поради повредите ја заврши на само 27 години, а последните две сезони ги помина во Русија во редовите на Уфа. Денес има 29 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во првиот момент кога пристигнав во Русија многу се изненадив. Играчите таму се на високо физичко ниво, не знам дали пијат водка или што прават, но трчаат како Болт. Сакам да се вратам таму да глумам во филмови за возрасни, сакам да снимам филм со 20 девојки. Русија е навистина специјално место за мене и имам голема желба да се вратам“, изјави Фримпонг.
Член на Арсенал Фримпонг беше од 2011 до 2014 година во сениорскиот тим, а од 2001 до 2011 беше дел од младинските категории. Потоа освен за Уфа го носеше дресот на Вулвс, Чарлтон, Фулам, Барсли, Арснал Тула, АФС Есклисутна и Ермис Арадипоу.