Најдоброто десно крило во изборот на „Хандбал Планет“ и поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ постави рекорд на кариерата во натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите.
Радичевиќ како ракометарка на ЦСМ Букурешт каде што премина од Вардар на гостувањето кај германски Турингер каде што нејзиниот тим победи со резултат 38:30 постигна 13 голови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Така репрезентативката на Црна Гора која од наредната сезона повторно ќе игра за Будќност го сруши нејзиниот досегашен рекорд кој го постави играјќи за Ѓер против Хипо (2011) кога постигна 12 голови.
Од почетокот на годината Радичевиќ игра во ТОП форма и од стартот на 2019 година на три натпревари во Лигата на шампионите постигна вкупно 29 голови.