Дома Фудбал Англија Порака од Клоп до Јунајтед: Бодовите ви се важни за ЛШ, но ќе ги барате на друго место!

Порака од Клоп до Јунајтед: Бодовите ви се важни за ЛШ, но ќе ги барате на друго место!

Утре се игра дербито во Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените“ се во борба за титулата, Јунајтед се бори за место во Лигата на шампионите и сигурно дека не чека возбудлив натпревар. Со оглед на формата Ливерпул влегува како фаворит, но ваквите дерби дуели секогаш носат неизвесност и возбудувања.

Пред утрешниот натпревар Јирген Клоп порача дека нема да прави никакви калкулации.

„Знаеме со каква желба ќе дојде Јунајтед на „Енфилд“ и дека бодовите им се важни во борбата за топ 4 и место во ЛШ. Меѓутоа тие бодови ќе мораат да ги бараат некаде на друго место“, изјави Клоп.

Ливерпул сезонава е во игра за четири трофеи, го освоија Лига Купот, во финалето се на ФА Купот и во полуфиналето од Лигатан а шампионите, додека со Манчестер Сити водат битка за титулата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар го доби терминот за дуелот против Купс во ЛШ

Вардар го одбројува времето до европскиот старт во новата сезона, а веќе е потврден и терм…