Челзи конечно пронајде менаџер и ги заврши преговорите, а денес Лампард би требало и да биде официјално претставен.
Лампард вчера беше забележан како пристигнува во просториите на „Стенфорд Бриџ“ (тука) и од тој момент беа отстранети сите дилеми дека тој ќе го води Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преговорите помеѓу Челзи и Лампард се водеа десетина дена, а Дерби не правеше проблеми и се тргна на страна.
Имено, Лампард требало вчера да биде официјално претставен како нов тренер на Челзи, но бизарен проблем ги спречил „сините“ во нивната намера.
И Лампард и Челзи немаа среќа тоа да биде вчера затоа што во текот на вчерашниот ден скоро сите друштени мрежи имаа проблем со прикачувањето фотографии.
Поради тоа од Челзи морале да го одложат претставувањето на Лампард веројатно за денес.