Дома Фудбал Англија Понудата е спремна, Јунајтед тргнува по Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Понудата е спремна, Јунајтед тргнува по Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Манчестер Јунајтед спремил понуда за играчот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Како што пренесува Скај Спорт, тимот од Олд Трафорд е спремен да уплати 72 милиони евра на римскиот клуб за репрезентативецот на Србија, но тоа можеби нема да биде доволно.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито во неколку наврати истакна дека за услугите на 24-годишниот играч бара минимум 100 милиони евра, а ниту Сергеј не брза со заминување.

Навистина, тој сака да ја промени средината, но не сака премногу да брза и е спремен да остане во Рим уште една сезона.

СМС е долгогодишна желба на Црвените ѓаволи. Посебен интерес за него беше активен во ерата на Мурињо, но до договор никогаш не дојде.

Милинковиќ-Савиќ веќе пет години е играч на Лацио. За клубот одигра 138 натпревари и постигна 31 погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Претседателот на Ла Лига испрати предупредување до Барселона

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, упати директна порака до клубовите во пресрет на л…