Дома Фудбал Останато Покетино со коментар за Меси: Бев блиску да го тренирам

Покетино со коментар за Меси: Бев блиску да го тренирам

Новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино одби да го коментира интересот на „светците“ за ѕвездата на Барселона, Лионел Меси.

Договорот на Меси со Барселона истекува на крајот на сезоната и се погласни се шпекулациите дека на лето ќе си замине од „Камп Ноу“ како слободен агент.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Пред два дена спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо јавно потврди дека клубот е заинтересиран за Меси и е спремен да започне преговори со Аргентинецот.

„Меси во ПСЖ? Нема да коментирам. Кога бев во Еспањол и Саутемптон ми беше сон да ги имам најдобрите фудбалери во светот. Бевме многу блиску да го донесеме Меси во Еспањол на позајмица. Преговорите без во напредна фаза и беше блиску да дојде кај нас. Но, одигра одличен меч за трофејот Жоан Гампер и Барса одлучи да го задржи“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Упамекано најголема желба на Реал

Реал Мадрид следи голем број стопери, а наводно сега Дајо Упамекано е трансфер цел број ед…