Aргентинскиот стратег Маурисио Покетино ова лето би можел да се врати на тренерската работа.
Ќе потсетиме, Покетино е без ангажман уште од крајот на минатата година кога на местото тренер на Тотенхем беше наследен од Жозе Мурињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покетино после тоа беше предмет на разни шпекулации, а последната ја пренесува „Телеграф“. Овој британски медиум пишува дека на почетокот на новата сезона Аргентинецот би можел да седне на клупата на Јувентус или Интер.
Во Јувентус навивачите не се задоволни од работата на Сари и бараат негова смена, но засега не е јасен ставот на клубот. Серија А веројатно нема да биде проблем за „старата дама“, меѓутоа ако се случи да испаднат од Лион во Лигата на шампионите каде што имаат негатива од 0:1 од првиот натпревар тогаш може Сари и да замине.
Од друга страна во Интер не се задоволни од Конте кој и јавно ја критикуваше трансфер политиката на клубот.
Останува да видиме дали овие два италијански клуба навистина покажале интерес за доведување на поранешниот стратег на Тотенхем. Треба да се споменеме дека во целата ситуација може да се вклучи и Барселона ако Сетиен добие отказ што не е нереално.