Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино призна дека е време да преземе тим со кој ќе може да освојува трофеи.
Аргентинецот беше во два наврати блиску до трофеј во Премиер лигата, играше и фианле во Лигата на шампиони, но не успеа да освои трофеј со „спарси“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе дојде тој момент кога треба да освојувам трофеи. Опшеството ги признава само тие кои победуваат и ги подигаат трофеите. Кога оставате добар впечаток на тие со кои работите им помагата да растат, како клуб и како играчи, тогаш луѓето се горди. Таквата добро завршена работа е исто така трофеј“, изјави Покетино.
Покетино од неодамна не е под договор со Тотенхем и е на мета на многу клубови, а во последно време силно се поврзува со клупата на Њукасл, кој сака да направи силен тим.