Српскиот плејмејкер, Милош Теодосиќ, поради повредата на стапалото би можел да отсуствува од терените цели два месеци.
Теодосиќ се повреди синоќа на натпреварот помеѓу ЛА Клиперс и Феникс, а неговиот тим соопшти дека се уште не е познато колку тој ќе отсуствува од терените, ниту пак колку е сериозна повредата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот играч на Олимпијакос и ЦСКА Москва го повреди лигаментот кој ги врзува петицата и прстите во ногата.
Иако клубот не соопшти ништо, американските медиуми шпекулираат дека српскиот репрезентативец ќе паузира нешто повеќе од два месеци и дека на теренитие ќе се врати по Нова година.