Дома Трансфер зона Познато и на колку години ќе го продолжи Мбапе договорот со ПСЖ

Познато и на колку години ќе го продолжи Мбапе договорот со ПСЖ

Мбапе со месеци се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид и се чинеше дека тоа е веќе готово, но францускиот напаѓач во последен момент се одлучи да остане во Париз.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Медиумите во Франција објавија дека Мбапе ја одбил понудата на Реал Мадрид и веќе го известил Флорентино Перез дека нема да потпише за „кралевите“.

Иако Мбапе одби неколку понуди од ПСЖ за продолжување на договорот, сега се предомисли и јасно е дека ќе стане еден од најплатените играчи во светот.

„L’Equipe“ објави и дека Мбапе веќе им соопштил на челниците на ПСЖ дека ќе го продолжи договорот и дека се е решено. Исто така е објавено дека Мбапе ќе го продолжи договорот на три сезони, но се уште не се знае колку пари од ПСЖ го убедиле да остане.

Се очекува Мбапе да ја соопшти официјалната одлука по вечерашниот меч против Мец, а веќе е подготвена голема забава во Париз по повод останувањето во клубот на еден од најдобрите светски играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…