Секоја година традиционално се доделува наградата „Златно момче“ за најдобриот млад играч во Европа, во организација на италијанскиот весник „Тутоспорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Тутоспорт“ денес ги објави финалистите кои ќе се борат за престижната награда.
Во изборот можат да учествуваат само фудбалери помлади од 21 година, а минатата година наградата заврши во рацете на Матијас де Лихт.
Оваа година за нагрдата ќе се борат 20 фудбалери, а меѓу фаворитите се Жоао Феликс, Џејдон Санчо и Винисиус Јуниор, а победникот ќе биде прогласен на 16-ти декември во Торино.
Во поширокиот список беше и нашиот „дијамант“ Елиф Елмас, кој не влезе меѓу финалистите.
