Зимскиот трансфер прозорец се уште не е затворен, а медиумите на Островот пишуваат за летниот трансфер пазар.
Примарна цел на Манчестер Јунајтед на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач и „црвените ѓаволи“ ќе имаат голем буџет.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По заминувањето на Кристиано Роналдо, Тен Хаг бара негова замена и итно му е потребен напаѓач, а на листата се две имиња.
Гонзало Рамош е желба на „црвените ѓаволи“, кој блесна на Мундијало, а игра и одлична сезона во дресот на Бенфика.
Рамош до сега запиша 11 гола гола и 4 асистенции на 14 меча за Бенфика, па на лето е спремен да се пресели во Премиер лигата.
Друг на листата желби е Виктор Осимен, но тој трансфер е многу поскап, бидејќи Наполи за неговиот потпис бара 140 милиони евра.