Дома Трансфер зона Позната иднината на Ријад Марез!?

Позната иднината на Ријад Марез!?

Раководството на Лестер верува дека ќе успее да го задржи својот најдобар фудбалер Ријад Марез до крајот на сезоната и покрај интересот на неколку гиганти од Островот.

Алжирскиот репрезентативец има договор со Лестер до 2020 година, а веќе подолго време се поврзува со трансфер во Арсенал и Ливерпул.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Црвените“ бараат замена за Кутињо кој неодамна замина во Барселона, додека Арсен Венгер во Марез гледа идеална замена за Алексис Санчез.

Меѓутоа, и покрај инетерсот на споменатите клубови менаџерот на Лестер, Клоп Пуел верува дека Марез ќе остане во неговиот тим до крајот на сезоната.

Ријад има фантастично влијание на екипата. Ужива во фудбалот и задоволен е во клубот. За нас е важно да ги задржиме најдобрите фудбалери. Убеден сум дека можеме да го задржиме“, изјави Пуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…