Играчот на Лидс, Рафиња ќе биде примарна цел на Барселона во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите во Шпанија.
25-годишното десно крило Рафиња игра фантастично во Лидс и веќе е стандарден бразилски репрезентативец.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразилецот го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и Ливерпул.
Меѓутоа, тој преферира преселба на „Камп Ноу“ и најновите информации се дека постигнал договор со Барселона.
Лидс за неговата слобода бара 50 милиони евра, но доколку тимот испадне од Премиер лигата, тогаш ќе има откупна клаузула од само 25 милиони евра.
Негов менаџер е Деко, кој е во одлични односи со раководството на Барселона и работи на трансферот.