Дома Топ вести Познат новинар со изненадувачка вест: Арсенал блиску до потпис со играчот за врска на Јунајтед?!

Познат новинар со изненадувачка вест: Арсенал блиску до потпис со играчот за врска на Јунајтед?!

felaini

Белгискиот новинар, Патрик Јулиард на својот Твитер профил пренесе интересна информација поврзана со Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Неговата објава беше навистина изненадувачка, со оглед на тоа што до сега во медиумите за вакво нешто се пишуваше.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Јулиард денес кога селекторот на Белгија го објави списокот на играчи на кои ќе смета за Мундијалот во Русија, објави дека играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини е блиску до преминување во Арсенал.

„Претставниците на Маруан Фелаини на почетокот на неделата имаат состанок со претставниците на Арсенал“, напиша новинарот кого на Твитер го следат околу 17.000 фанови.

Белгиецот станува слободен играч од 1 јули кога му истекува договорот со Јунајтед, а судејќи според неговите информации кариерата ќе ја продолжи во Арсенал.

Фелаини во Јунајтед пристигна во 2013 година од Евертон за сума од 29.1 милиони фунти, а за „црвените ѓаволи“ настапи на 156 натпревари, постигна 20 голови и запиша 10 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алфонсо Дејвис се договори со Реал Мадрид

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…