Жозе Мурињо, Јирген Клоп, Карло Анчелоти и Рој Хоџсон се менаџерите кои најсилно ја поткрепуваат идејата за продолжување на сезоната во Премиер лигата.
Ова стана јасно после конференцискиот видео разговор организиран вчера од Асоцијацијата на менаџери во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Специјалниот“ бил најкатегоричен па дури и го изјавил следното пред колегите: „Ако не сакате да играте, останате дома и гледајте Бундеслига“.
Според „Мирор“ во другата група менаџери кои тврделе дека не треба да се брза со продолжување на сезоната биле Пеп Гвардиола, Френк Лампард, Најџел Персон…
Денес раководството на Премиер лигата има средба со спортските власти кои треба да дадат „зелено светло“ за продолжување на сезоната. Рестарот на сезоната треба да биде на 12-ти или 19-ти јуни, а натпреварите клубовите ќе ги играат на своите стадиони, а не на неутрален терен како што имаше предлог.
Tottenham manager Jose Mourinho has released a statement to deny reports he has attempted to delay the Premier League's 'Project Restart'.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 14, 2020