Дома Фудбал Погледнете што направи Онана по крајот на натпреварот во кој го уништи својот Јунајтед

Погледнете што направи Онана по крајот на натпреварот во кој го уништи својот Јунајтед

Во фантастичен натпревар од 5.коло од групата А на Лигата на шампионите, Галатасарај и Манчестер Јунајтед одиграа 3:3.

Јунајтед водеше со 2:0 и 3:1, но Турците успеаја да дојдат до бод, а на крајот можеа да остварат и целосен пресврт.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Специјалната приказна на овој спектакуларен натпревар е несреќниот камерунски голман на Јунајтед, Андре Онана.

Двапати Хаким Зиех постигнуваше смешни голови од слободни удари, па за повеќето навивачи Онана ќе биде главниот виновник доколку Јунајтед не успее да се пласира во нокаут фазата во последното коло против Баерн.

„Вистинска штета е тоа што се случува бидејќи тој изгледаше доста добро во последните неколку недели. Тој има проблем во Лигата на шампионите и веројатно нема концентрација во ваквите типови на натпревари“, коментира легендарниот играч за врска на Јунајтед, Пол Сколс и додаде: „Противниците веројатно мислат „ок, ќе шутираме затоа што изгледа дека секој пат ќе прими гол“.

По последниот судиски свиреж, Онана, за кого Јунајтед летово му плати на Интер за дури 50 милиони евра, свесен за играта што ја игра, нервозно погледна наоколу, се сврте, разочарано ги соблече ракавиците и ги фрли…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…