Дома Топ вести Погба се поблиску до Јувентус, познати деталите од понудата

Погба се поблиску до Јувентус, познати деталите од понудата

Италијанските медиуми пренесуваат дека Пол Погба е се поблиску до враќањето во Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако стана јасно дека Французинот ќе го напушти Манчестер Јунајтед како слободен агент неколку европски гиганти покажаа интерес, а главната битка ја водат ПСЖ и Јувентус.

Понудата на ПСЖ е финансиски подобра, но Погба преферира преселба во Торино каде ги одигра најдобрите сезони во кариерата.

Јувентус му нуди централна улога во новиот проект,и пред два дена имаше клучен состанок со Рафаеле Пимента, новиот застапник на Пол Погба и десна рака на Мино Раиола.

„Старата дама“ му нуди 4-годишен договор и плата од 8 милиони евра плус 2 милиони како бонус по сезона.

Понудата на ПСЖ е 11 милиони евра по сезона, но Французинот е спремен да ја одбие за да се пресели во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…